дома Македонија Економија Ќе се гради автопатот Скопје – Блаце, избран конзорциум предводен од Гранит

Ќе се гради автопатот Скопје – Блаце, избран конзорциум предводен од Гранит

Автопатот Скопје – Блаце ќе го гради конзорциум предводен од домашната компанија Гранит. Планирано е да се изгради за три ипол години.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој ја сподели веста, вели дека ова е сигнал за целиот градежен сектор во земјава дека можеме да градиме големи инфраструктурни проекти.

– Проектот Скопје-Блаце е исклучително комплексен проект. На него имаме пет тунели, имаме две галерии, 12 мостови или вкупно околу 40-тина објекти што претставува голем инженерски потфат. Очекувам да го изградиме за три и пол години, вели Николоски.

Со автопатот Скопје – Блаце, земјава се поврзува автопатски со Косово.

– Овој Коридор е исклучително значен зашто Македонија ја поврзува со Косово и со Црна Гора, на дневна основа многу патници поминуваат по него, а со поврзувањето и со Косово и со Црна Гора се отвора уште едно пристаниште за македонскиот бизнис, за македонското стопанство, тоа е пристаништето во Бар.  Драго ми е што во соработка со Европската банка за обнова и развој успеавме да го завршиме овој процес, да избереме изведувач кој што сега треба да почне да работи на терен, изјави Николоски. 

ПредходнаПет книги во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“
СледнаСлучаен минувач спасил возрасен маж кој се давел во Вардар