дома Македонија Економија Поднесени 224 амандмани на ребалансот на Буџетот

Поднесени 224 амандмани на ребалансот на Буџетот

Почнува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Поднесени се 224 амандмани.
Вкупните приходи се ревидирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за околу 4,2 милијарди денари или за 1,1 проценти во однос на иницијалниот Буџет.
Вкупните расходи се ревидирани на 425,2 милијарди денари. Обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции кои достигнуваат околу 46 милијарди денари што е зголемување за околу 14,5 проценти.
Економски раст е проектиран на 3,5 проценти, инфлацијата на 4,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,1 процент.

ПредходнаПо многу години застој, акција за миење на главните сообраќајници во Чаир
СледнаФранц Кафка, творецот што на крајот сакаше да ги уништи своите дела