дома Свет Балкан Желка касна човек на хрватско приморје, петти регистриран случај

Желка касна човек на хрватско приморје, петти регистриран случај

Во екот на туристичката сезона Хрватска се соочува со проблем. Регистриран е петти случај на каснување на пливачи од голема желка.

Инцидентот се случил во неделата на плажата „Миљенко и Добрила“ во Каштел Лукшиќ.

Според изјавите на сведоци од плажата, желката му се приближила одзади на младо момче и го каснала во долниот дел од грбот. Поради повредата, момчето морало да побарал лекарска помош.

Ова е веќе петти пријавен случај на каснување од 22 јули.

Како што изјавуваат пливачите, желката тежи до 70 килограми.

ПредходнаДваесет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“
СледнаСДСМ тврди дека има нови случаи и реинфекции во Гостивар