дома Македонија Црна хроника Македонска државјанка се удави на Халкидики

Македонска државјанка се удави на Халкидики

 – Безживотното тело на 75-годишна македонска државјанка било извлечено од морскиот дел во Неа Каликратија на Халкидики, со возило на брза помош жената била пренесена во здравствен центар, каде што била констатирана смрт .

Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека во попладневните часови вчера, крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека „75-годишна странска државјанка (државјанка на Република Северна Македонија) била извлечена без знаци на живот од морската област „Неа Каликратија“ во општина Неа Пропонтида, Халкидики“.

Додадоа дека надлежната управа која ја спроведува предистражната постапка, било наредено да се изврши обдукција во Институтот за судска медицина во Солун.

ПредходнаПремиера на „Интервју“ во Турскиот театар
СледнаЛетал со 188 км/ч со „Порше“ на автопатот Куманово-Скопје, полицијата му го одзеде возилото