дома Македонија Има ли крај – нов случај на врсничко насилство овојпат во Куманово

Има ли крај – нов случај на врсничко насилство овојпат во Куманово

Нов случај на врсничко насилство, овојпат во Куманово. „Слободен печат“ денеска пишува за нов случај поткрепен со видео каде се гледа како девојче е брутално удирано и кубено од други девојчиња.
Претходно видеото е објавено од серијалот „Без цензура“ на новинарката Лиридона Вејсели.
Станува збор за настан кој, според информации на Слободен печат, се случил пред еден месец, а во полициска станица Куманово имало обид да биде пријавен вчера, но девојчето што е жртва, дури денеска е примено на разговор во полиција.
Иницијално, овој напад е објавен на социјалната мрежа „снепчет“ со опис „кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш и ќотек“.
Од МВР за „Слободен печат“ информираат дека СВР Куманово во координација со ОЈО Куманово презема мерки и активности за расчистување на случајот.
Ова е вторпат месецов да бидат обелоденети вакви немили сцени каде малолетнички се тепани и малтретирани од врснички.
Во скопската населба Аеродром, жртва беше девојче кое беше натерано да клекне на коленици и да се извинува, а настанот беше снимен од повеќемина други малолетници.

ПредходнаСемејно насилство во Скопје заврши со убиство
СледнаЛевица до СДСМ: Тешко е да се глуми револуционер откако си бил архитект на најконтроверзните политички зделки