дома Локално Сончево и стабилно време со засилен северен ветер долж Повардарието

Сончево и стабилно време со засилен северен ветер долж Повардарието

  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, локално до 50 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи од -2 до 6 степени, додека максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во наредните денови под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

ПредходнаСо нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
СледнаНа седница на Собранието законски измени за платите на функционерите, судиите, обвинителите