дома Македонија Општество Трендафилов: Не ви се плашиме, не ви се молиме, дојдовме за зголемување...

Трендафилов: Не ви се плашиме, не ви се молиме, дојдовме за зголемување на платите и ќе дојдеме пак

Во голем број работниците од сите краишта на земјата денеска се одзваа на повикот на Сојузот на синдикатите на Македонија и го започнаа протестниот марш.
Screenshot
Screenshot
Screenshot
 

Започна пред седиштето на ССМ, каде што се обрати претседателот Слободан Трендафилов, кој им посака добар ден за работниците и работничките, но не е и на оние што се против зголемување на работничките плати.

„И покрај сите закани и пторив сите притисоци што се обидуваа во изминатите денови да ги направат, огромен број од вас се охрабрија и покажаа дека не се плашат и покажаа дека ќе се бориме и нема да се молиме“, порача Трендафилов.

На 28 јануари ја започнавме синдикалната борба на улица, рече тој, и нема да застанеме додека не се зголемат работничките плати. 600 евра минималната плата и за најмалку 6000 денари за сите работници

„Денеска огромен број работници беа спречени да дојдат затоа што им се закануваа со губење на нивните работни места, со распоредување и со закани за намалување на нивната плата. Но, без оглед на тоа не ви се плашиме. Дојдовме за зголемување на платите и ќе дојдеме пак. Покажавме дека и 21 човек вршат работа да прават нервоза кај избраните и именуваните, како и кај газдите. Покажавме дека можеме и многу повеќе. Денеска им покажуваме дека можеме и највеќе“, истакна претседателот на ССМ.

Добро утро, ние денеска се бориме за Вашите плати, што ќе правите Вие?, праша Трендафилов во пресрет на протестот

 

Тој нагласи дека без работници нема држава, без работници нема ниту власт и ги покани присутните да го започнат протестниот марш кој продолжи пред Собранието, пред газдите, пред стопанската комора и ќе заврши пред владата.

ПредходнаПолиција уапси 21 возач: алкохол, без дозвола, забрана за управување
СледнаТрамп е опседнат со прецртување на картата на светот