дома Локално Се чисти Железничката станица во Скопје

Се чисти Железничката станица во Скопје

Се чисти Железничката станица во Скопје. Отстранети се билбордите, светлосните реклами и информативните постери, а со Архитектонскиот факултет се работи на проектирање за целосна реконструкција на Железничката станица.

– Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град. Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа за жал ја претвори во тотално не-репрезентативен објект „накитен” со билборди, постери, графити, несоодветни содржини, недоволна хигиена.
Превземаме мерки за подигнување на нивото на надворешниот и внатрешниот изглед на Железничката станица Скопје преку долготрајна акција и сет на активности, напиша директорот на Македонски железници – Инфраструктура Синиша Ивановски.

Во објава на Фејсбук, Ивановски наведува дека отстранети се сите билборди и светлосни реклами освен една на Хамза Донер кои одбиле да ја отстранат. Доколку не ја отстранат во рок од 7 дена, според објавата на Ивановски, договорот за закуп ќе им биде раскинат.

ПредходнаЛевица ќе поднесе иницијатива пред Уставен за измените на Законот за минерални суровини
СледнаМоторџии возат на едно тркало, ќе има ли одговорност