дома Македонија Политика Мицкоски – Мацут: Јакнење на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката

Мицкоски – Мацут: Јакнење на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката

Мицкоски  - Мацут: Јакнење на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката

  Премиерот Христијан Мицкоси  и неговиот српски колега Ѓуро Мацут денеска на средба разговарале за унапредување на билатералната соработка, регионалната стабилност и можностите за продлабочување на економските и институционалните врски меѓу двете земји.

– Во пријателска и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните предизвици и заедничките приоритети, со посебен акцент на јакнењето на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката во области од заемен интерес. Ја потврдивме подготвеноста за понатамошно развивање на добрососедските односи и заедничка работа во насока на просперитет, стабилност и подобра иднина за граѓаните на двете држави, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук, по средбата.

Мицкоски со владина делегација е во посета на Србија, каде во Нови Сад попладнето се одржа свечена академија со која се одбележаа 80 години од населувањето на Македонците во Војводина.

ПредходнаВозачот во сообраќајката во која загина 19-годишниот моторциклист бил под дејство на дрога
СледнаТопло со температури до 33 степени, попладне наместа дожд