дома Локално Топло за викендот, од понеделник попладне промена на времето

Топло за викендот, од понеделник попладне промена на времето

Сончево и топло ќе биде на првиот ден од викендот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната од 30 до 35 степени.

Во Скопје, утринската температура ќе биде до 15, а дневната до 35 степени.

Слично време ќе има и утре, а веќе од почетокот на новата работна недела во попладневните часови се најавува развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

ПредходнаПрв случај на зика вирус во Македонија. Се инфицирал на Малдиви
СледнаАлбанската влада го изгласа пуштање на систем за заеднички гранични проверки „One Stop Shop” со Македонија