дома Локално Скопје ги брои штетите од вчерашното невреме

Скопје ги брои штетите од вчерашното невреме

Скопје ги брои штетите од вчерашното невреме кое поплави станбени објекти, сообраќајници и предизвика отежнато движење во делови од градот.
             Центарот за управување со кризи информира дека најголем број пријави се однесуваат на поплавени станбени објекти, подруми, гаражи и сообраќајници. Како најкритични подрачја се издвојуваат Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром.
Според ЦУК, поплавени биле два подвозника, три кружни тека, два деловни магацини, како и повеќе подрумски простории, гаражи и станбени објекти. Поплавени се и подрумот, гаражите, холот и амфитеатарот во Македонската академија на науките и уметностите.
– Состојбата континуирано се следи, а екипите интервенираат на терен според степенот на приоритет и ризик, велат од ЦУК.

Се повикуваат граѓаните кои претрпеле штети од невремето да поднесат барања до општинските комисии за процена на штети.

 

ПредходнаЕрнест Хемингвеј ..и неговиот брутален леден брег
СледнаХорор во Ченто: 14-годишно момче избодено со нож и претепано до бессознание