дома Локално На Пелистер падна снег

На Пелистер падна снег

 На планината Баба, на врвот Пелистер (2.601 м.н.в) падна снег, информираа од ЈУ национален парк „Пелистер“.

На Пелистер падна снегОд јавната установа потврдија дека промнеливото време и ниската температура, дождот го претворија во снег, со што како што велат Пелистер како крал на планините во Македонија и понатаму е непредвидлив и моќен.

Фотографијата е на вработените од пунктот на Националната радиодифузија на врв Пелистер, посочија од ЈУ НП „Пелистер“-Битола.

Инаку во Битола вчера во 17 часот беа измерени 26 степени целзиусови степени, а денеска во истото време, во 17 часот измерени се само 12 степени и температурата на воздухот е во опаѓање

ПредходнаСЗО изрази загриженост поради ширењето на западнонилската треска во Италија и Грција
СледнаСончево време до 30ка, со мала до умерена локална облачност