дома Локално Македонија движи накај 40 ка! Започнува нов топлотен бран

Македонија движи накај 40 ка! Започнува нов топлотен бран

Македонија е на почетокот на силен топлотен бран кој ќе донесе сончево и многу топло време во наредните денови, со температури кои локално ќе достигнат 40 степени.

Поради многу топлото време се предупредува на висок ризик од топлотен стрес, многу силно УВ зрачење и зголемена опасност од пожари.

Најжешкиот период се очекува кон за време на викендот и во текот на првите денови од август, кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени.

Хронично болните лица, постарите лица, децата, метеопатите и секој што поминува долго време на отворено или работи ќе биде особено изложен на ризик.

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Во Скопје, сончево и топло со слаб променлив ветер.

ПредходнаЗаконот за Скопје европска престолнина на културата уште недонесен ја разбранува јавноста
СледнаДКСК предупредува на корупциски ризици со Предлог-законот за реализација на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“,