Извршниот директор на компанијата OpenAI, Сем Алтман тврди дека човештвото веќе е влезено во сингуларност поточно во состојба во која машините ја надминуваат човечката интелигенција.
– Ние сме сега во сингуларност. Ова е тој момент, изјави неодамна Алтман во поткаст оценувајќи дека станува збор за „неверојатно позитивен и добар момент за светот“.

Алтман не е единствениот претставник на технолошката индустрија кој изнесува вакви тврдења. И директорот на компанијата Тесла и Спејс-Икс, Илон Маск на почетокот на годината на Икс напиша – Влеговме во сингуларност.
Сепак, Маск е истовремено и еден од критичарите на неконтролираниот развој на вештачката интелигенција. Повеќепати досега предупредува дека вештачката интелигенција може да биде поопасна од нуклеарно оружје и дека човештвото без мерки на заштита би можело да ја изгуби контролата над сопствената технологија.
Технолошка сингуларност е моментот кога технолошкиот рзвој станува толку брз што луѓето повеќе не можат да го контролираат ниту предвидат.




