дома ТОП ВЕСТИ Македонец баран од Грција, уапсен на српска граница ! Еве за што...

Македонец баран од Грција, уапсен на српска граница ! Еве за што се товари и чека екстрадиција

 

Полицијата го уапси З.В., државјанин на Северна Македонија, на граничниот премин Богоево поради меѓународна потерница од Грција за издржување казна.

Man in handcuffs
 Припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, Одделот за меѓународна оперативна полициска соработка (Интерпол), во соработка со полициски службеници од Управата за гранична полиција, го уапсија З.В. (1969), државјанин на Република Северна Македонија, по кого е распишана меѓународна потерница на барање на Грција за издржување затворска казна од 16 години за кривично дело основање криминална организација за извршување на кривично дело компјутерска измама .

ЗВ е уапсен на граничниот премин Богојево , на влезот во Србија, а постапката за негова екстрадиција во Грција е во тек.

ПредходнаПочина д-р Никола Стојановски – првиот претседавач на повеќепартиското Собрание и еден од последните живи првоборци од НОБ
СледнаШестмина загинати, 30 повредени во судир на автобус и кампер во Италија