
Околу 750.000 евра завршија во морето кај италијанскиот остров Сицилија, откако од брод што останал без гориво бил фрлени две кеси додека кон пловилото се приближувала патролен чамец на италијанската Крајбрежна стража, објави „Тајмс оф Малта“..
Некои од еврата биле пронајдени од капачи на блиската плажата, а истражителите сега се обидуваат да утврдат од каде парите парите, за кого биле наменети и зошто биле фрлени во морето.
Според достапните информации, на малтешкиот брод имало тројца возрасни и едно дете.
Бродот бил забележан од капачи, кои ја повикале Крајбрежната стража, бидејќи се приближувал кон брегот без контрола. Чамец на италијанската Крајбрежна стража се упатил кон бродот, но кога тој почнал да им се приближува лицата на пловилото фрлиле две кеси со пари во морето. Досега вкупно се пронајдени околу 750.000 евра.
💰 Des vacanciers en Sicile ont découvert sur une plage de Casuzze des sacs Lidl contenant près de 700 000 euros en espèces, après l’échouage d’un bateau hors-bord. Les trois passagers maltais de l’embarcation ont été interpellés. pic.twitter.com/Im0gfpU4tO
— 75 Secondes 🗞️ (@75secondes) August 1, 2026
Лицата на бродот биле идентификувани од припадниците на Крајбрежаната стража и проти нив се покренати пријави, но не биле приведени. Италијанските власти сè уште официјално не го потврдиле идентитетот на лицата, како ни на сопственикот на бродот.
Меѓутоа, италијански истражувачки новинар Џузепе Басјето објави дека сопственик на бродот е Малтежанецот Овен Џонс. Според Басјето, Џонс бил на бродот заедно со уште двајца возрасни и едно дете, кога им снемало гориво во близина на местото Казуце.
Џонс, меѓутоа, негира дека е сопственик на бродот и дека има каква и да било поврзаност со пронајдените пари. Адвокатот на Џонс, Франко Дебоно за „Тајмс оф Малта“ изјави дека неговиот клиент „не може да потврди дали во тоа време бил на Сицилија, но јасно става до знаење дека парите споменати во медиумите не се негови и немаат никаква врска со него“.




