Поради најавениот топлотен бран и екстремно високите температури, на возачите им се препорачува да бидат дополнително внимателни, како за безбедноста во сообраќајот, така и поради зголемениот ризик од пожар

„Не оставајте предмети во возилото што би можеле да претставуваат опасност – проѕирни шишиња, запалки, спрејови и лименки. Исто така, избегнувајте паркирање на автомобилот на сува трева или ниска вегетација, бидејќи жешките делови од возилото, особено издувниот систем, можат да предизвикаат пожар. Доколку е можно, организирајте подолги патувања и гранични премини во вечерните или раните утрински часови, кога температурите се пониски, а условите за возилото се поповолни. Сепак, ноќното возење бара дополнителна претпазливост, бидејќи заморот и поспаноста можат значително да влијаат на вниманието и безбедноста зад воланот“, советува експертите.




