Секој сопственик на мачка барем еднаш се запрашал дали мачката му возвраќа љубов. Иако ги следи репутација на ладни и дистанцирани миленици, истражувањата покажуваат дека ваквите размислувања се погрешни.
Новите научни сознанија покажуваат дека мачките можат да развијат длабока поврзаност со сопственикот, слична на онаа што се развива меѓу кучињата и малите деца.

Еден од знаците со кој мачките покажуваат наклонетост е начинот на кој го поздравуваат сопственикот. Во комуникација со другите мачки, но и со луѓето, тие користат сигнали со кои покажуваат доверба и желба за блискост како што се подигната опашка, исправена како јарбол.
Уште еден знак на доверба е исто така кога мачката ќе се сврти на грб и ќе го покаже стомакот кој е еден од најосетливите делови на телото.
Мачките исто така комуницираат и со поглед. Додека непознатите луѓе често ги набљудуваат со директен поглед, оние кои ги сакаат и на кои им веруваат ги гледаат со споро трепкање со очите.
Истражувањата покажаа дека ваквото трепкање е поврзано со позитивните емоции и може да бидат знак на задоволство, доверба и поврзаност.
Научните сознанија покажуваат дека ако мачката ви дозволува да и се доближите и ако спие покрај вас, тогаш тоа е знак на силна врска, а ако удобно се смести до вас и заспие тогаш тогаш ви испраќа една од најјасните пораки дека се чувствува потполно сигурно.




