дома Локално На возачите им се препорачува да не оставаат запаливи предмети во своите...

На возачите им се препорачува да не оставаат запаливи предмети во своите возила

Поради најавениот топлотен бран и екстремно високите температури, на возачите им се препорачува да бидат дополнително внимателни, како за безбедноста во сообраќајот, така и поради зголемениот ризик од пожар

„Не оставајте предмети во возилото што би можеле да претставуваат опасност – проѕирни шишиња, запалки, спрејови и лименки. Исто така, избегнувајте паркирање на автомобилот на сува трева или ниска вегетација, бидејќи жешките делови од возилото, особено издувниот систем, можат да предизвикаат пожар. Доколку е можно, организирајте подолги патувања и гранични премини во вечерните или раните утрински часови, кога температурите се пониски, а условите за возилото се поповолни. Сепак, ноќното возење бара дополнителна претпазливост, бидејќи заморот и поспаноста можат значително да влијаат на вниманието и безбедноста зад воланот“, советува експертите.

ПредходнаНеизвесен сообраќај преку две клучни бродски рути на Блискиот Исток
СледнаБез струја дел од Општина Студеничани