Илјадници обожаватели на Бони Тајлер ги исполнија улиците на нејзиниот роден град во јужен Велс за да ѝ оддадат почит на пејачката. Бони, чие вистинско име беше Гејнор Саливан, неочекувано почина на 8 јули во Португалија на 75-годишна возраст, а сега нејзиниот ковчег е вратен во домот каде што некогаш живееше.

Поворката, која поминувала по Њутн Роуд во Мамблс, ја испратиле бројни обожаватели. Ковчегот на пејачката бил обвиткан со велшкото знаме, а покрај него стоела нејзина врамена фотографија. Обожавателите фрлале цвеќе кон погребното возило, а насобраните аплаудирале и го запеале нејзиниот голем хит „Total Eclipse of the Heart“.
Мамблс беше повремено дом на Тајлер, додека таа го делеше своето време помеѓу Алгарве во Португалија и голема викторијанска куќа во Блекпил, веднаш надвор од Мамблс, со поглед на заливот Свонси. Тајлер стана светски позната благодарение на нејзините поп-хитови, вклучувајќи ги „Total Eclipse of the Heart“ и „I Need a Hero“.
Меѓу оние што дошле да ѝ оддадат почит на пејачката беше и 18-годишната Карис Едвардс, за која Тајлер била голема инспирација.
„Нејзината музика допре многу луѓе, особено до мене. Мошне сум изненадена колку луѓе дојдоа денеска, но сепак и не сум, бидејќи таа беше таква икона. Таа секогаш се враќаше дома и се грижеше да им се врати на своите обожаватели во Велс. Нејзините песни навистина допреа до многу луѓе овде во Велс, ја сакавме толку многу. Кога дознавме дека починала, тоа ни ги скрши срцата и плачевме“, рекла младата обожавателка.
Двајцата големи обожаватели на пејачката Мајкл Боун Алан Хокинс допатувале од Дерби за да ја испратат поворката.
„Сметавме дека би било убаво да ѝ оддадеме почит на пејачката. Мене тоа лично многу ми значи затоа што нејзината музика беше многу присутна во моите тинејџерски години. За мене, нејзиниот најпознат период беше оној од 1980-тите“, рекол Боун.
За „Гардијан“, тој открил и дека многу други обожаватели допатувале дури од Австрија за да бидат присуствуваат на поминувањето на поворката со ковчегот на Тајлер.
Нејзините други хитови вклучуваат „It’s a Heartache“ и „If You Were a Woman (And I Was a Man“. Таа го претставуваше Обединетото Кралство на Евровизија 2013 во Малме, Шведска, со песната „Believe in Me“, со која заврши на 19-то место.
Обележувањето на животот на Бони Тајлер ќе се одржи денеска во црквата „Света Марија“ во Свонзи. Влезат во црквата ќе биде дозволен само за луѓе со покани, но церемонијата ќе се прикажува на голем екран на блискиот плоштад „Свети Давид“, каде што јавноста ќе може да ѝ оддаде почит. По церемонијата, ковчегот на Тајлер последен пат ќе помине низ нејзиниот роден град Скевен, по што ќе следи приватно собирање само за семејството и пријателите.
Тајлер пораснала во социјални станови во Сквин со пет постари браќа и сестри.
„Се сметам за девојка од работничката класа и никогаш не сум престанала да работам. Настапувам многу затоа што чувствувам дека другите луѓе би сакале да ги добијат можностите што ми се нудат мене“, рекла таа за „Гардијан“ во 2013 година.
Во своите мемоари, таа со љубов пишувала за Велс: „Можеби сум направила некои извонредни работи… но на толку многу начини јас сум сè уште таа млада девојка од Велш која танцува околу пијаното со своето семејство и секогаш тоа ќе биде така.




