
Најмалку 42 деца на возраст меѓу 9 и 14 години се повредени во експлозија во училиште во авганистанскиот главен град Кабул, соопштија денеска ОН.
Во соопштинието се додава дека причинот за експлозијата засега се нејасни.
Експлозијата се случила вчера околу 17 часот по локално време, кога повеќето деца го напуштиле училиштето. Според локалните медиуми, станувало збор за експлозија на рачна бомба.
Се претпоставува дека станува збор за напад, бидејќи според првичните извештаи станувало збор за училиште за девојчиња. Меѓутоа, ваквите наводи засега не се потврдено.
Исто така, се посолува и дека е можно да се активирала заостаната неексплодирана артилериска граната, што не е редок случај во Авганистан.
Училиштето се наоѓа во населба каде што живеат голем број припадници на етничката група Хазара, кои повеќе пати во минатото беа цел на напади.




