дома Свет Украинец осуден за шпионажа во Германија

Украинец осуден за шпионажа во Германија

Германски суд го осуди 30-годишниот Украинец, Јевхен Безчасни, на една година и три месеци затвор поради шпионажа.

Според обвинителниот акт, Безчасни лани во март поставил Џи-Пи-Ес следачи во пакети за руската тајна служба.

Судијата пресуди дека Безчасни знаел дека следачите можат да се користат за шпионирање, како и дека „морал да биде свесен оти наредбата доаѓа од руската Влада“.

Обвинителството го товареше Украинецот и дека планирал испраќање пакет-бомби, но таквите обвинувања не беа докажани.

Безчасни веќе ја отслужил казната на која е уседен во периодот додека беше во притвор, така што е ослободен по завршувањето на судењето. Јавното обвинителство бараше затворска казна од две до четири години.

Инаку со процесот беа опфатени уште две лица, кои беа ослободени од обвиненијата.

ПредходнаЈевхен Хмара предложен за нов министер за одбрана на Украина
СледнаМега судски процес против Мета за предизвукување зависност: Тужителите бараат казна од 1,4 трилиони долари