
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес официјално го номинираше Јевхен Хмара за нов министер за одбрана на Украина.
За да биде избран на функцијата, номинацијата мора да ја одобри украинскиот парламент, Врховната рада.
Хмара, кој моментно е вршител на должноста министер за одбрана, е поранешен висок функционер на украинската безбедносна служба СБУ.

Тој треба да го наследи популарниот Михаил Федоров, кој беше разрешен во јули годинава, по минати шест месеци од министерската функција.
Неговото заминување беше оценето како контроверзно, бидејќи и покрај неговата популарност, неговите плнови за реформи создадоа тензии меѓу него и военото раководство. По неговото разрешување, беа организирани протести протести со кои се бараше негово враќање на функцијата.




