Катерина Зајковска е предлогот за член на Антикорупциската комисија која доколку биде изгласана од Собранието ќе ја замени Цвета Ристовска која поднесе оставка откако во јавноста излезе случај поврзан со фирмите на нејзините деца.
Зајковска беше прворангирана по интервјуата со кандидатите што ги направи собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.
Од петте кандидати кои ги исполнија условите, Зајковска имаше освоени најмногу бодови – 90,67 бода.




