дома Македонија Осум дена притвор за опожарувачот на возилата пред Бугарската амбасада

Осум дена притвор за опожарувачот на возилата пред Бугарската амбасада

Осум дена притвор доби скопјанецот кој опожари две дипломатски возила пред Бугарската амбасада.
Чеитириесет и четиригодишниот скопјанец, како што пренесоа дел од медиумите, го признал делото во полиција.
        Тој беше снимен на безбедносните камери, идентификуван и приведен истиот ден кога го стори делото.
Инцидентот беше осуден како од македонските, така и од бугарските власти.
Според Обвинителството, тој се товари за кривично дело – предизвикување општа опасност.

ПредходнаСали по дебатата во ЕП: Пораките од Брисел се силна потврда за нашата европска перспектива
СледнаСушата предизвик за Македонија, на удар земјоделството