ТЕХЕРАН – Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека во последните 24 часа се примени повици од Велика Британија, Бугарија и Украина, во кои претставниците на тие земји објавија дека нема да бидат дел од војната против Иран.

Во интервју за иранската новинска агенција SNN, Багеи изјави дека тековните разговори со Оман се однесуваат на транзитната рута низ Ормутскиот теснец, која „не е ниту северна ниту јужна рута“, пренесува Ал Џезира.
Тој изјави дека Соединетите Американски Држави не дозволиле бродскиот сообраќај да продолжи по тој воден пат во рокот утврден во меморандумот за разбирање и дека го нападнале Иран „пред да истече договорениот рок“.
Ормутскиот теснец никогаш нема да се врати во својата состојба од пред војната
Есмаил Багеи денес изјави дека Ормутскиот теснец никогаш нема да се врати во состојбата од пред војната.
Багеи тврди дека разговорите меѓу Иран и Оман за Ормутскиот теснец немаат никаква врска со отворањето или затворањето на тој воден пат, објави иранската новинска агенција Фарс.
„Исламската Република Иран дејствува во согласност со интересите на земјата и нема да ја промени својата одлука под влијание на закани и заплашувања од други“, рече Багеи.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека преговорите меѓу Иран и Оман во врска со управувањето со Ормускиот теснец се во завршна фаза, пренесува ИРНА.




