дома Магазин Од брод кај Сицилија фрлени 750.000 евра во морето (ВИДЕО)

Од брод кај Сицилија фрлени 750.000 евра во морето (ВИДЕО)

Околу 750.000 евра завршија во морето кај италијанскиот остров Сицилија, откако од брод што останал без гориво бил фрлени две кеси додека кон пловилото се приближувала патролен чамец на италијанската Крајбрежна стража, објави „Тајмс оф Малта“..

Некои од еврата биле пронајдени од капачи на блиската плажата, а истражителите сега се обидуваат да утврдат од каде парите парите, за кого биле наменети и зошто биле фрлени во морето.

Според достапните информации, на малтешкиот брод имало тројца возрасни и едно дете.

Бродот бил забележан од капачи, кои ја повикале Крајбрежната стража, бидејќи се приближувал кон брегот без контрола. Чамец на италијанската Крајбрежна стража се упатил кон бродот, но кога тој почнал да им се приближува лицата на пловилото фрлиле две кеси со пари во морето. Досега вкупно се пронајдени околу 750.000 евра.

 

Лицата на бродот биле идентификувани од припадниците на Крајбрежаната стража и проти нив се покренати пријави, но не биле приведени. Италијанските власти сè уште официјално не го потврдиле идентитетот на лицата, како ни на сопственикот на бродот.

Меѓутоа, италијански истражувачки новинар Џузепе Басјето објави дека сопственик на бродот е Малтежанецот Овен Џонс. Според Басјето, Џонс бил на бродот заедно со уште двајца возрасни и едно дете, кога им снемало гориво во близина на местото Казуце.

Џонс, меѓутоа, негира дека е сопственик на бродот и дека има каква и да било поврзаност со пронајдените пари. Адвокатот на Џонс, Франко Дебоно за „Тајмс оф Малта“ изјави дека неговиот клиент „не може да потврди дали во тоа време бил на Сицилија, но јасно става до знаење дека парите споменати во медиумите не се негови и немаат никаква врска со него“.

ПредходнаТројца загинати и 13 повредени при пад на дрон во руско одморалиште (ВИДЕО)
Следна„АстраЗенека“ и „Бристол Мајерс Сквиб“ преговараат за спојување – здружената компанија ќе вреди 400 милијарди долари