дома Живот Закачете влажен пешкир на отворен прозорец и разладете се

Закачете влажен пешкир на отворен прозорец и разладете се

Високите летни температури во вечерните часови честопати не ни дозволуваат да се наспиеме убаво. Првото решение секако се клима уредите или вентилаторите, но постои уште еден поедноставен начин кој го препорачуваат експертите.

Станува збор за нешто што го има во секое домаќинство – влажен пешкир или чаршав закачен на отворен прозорец.

Како функционира?

Трикот се состои во испарувањето. Додека водата од пешкирот испарува, таа ја користи топлината од околниот воздух, па воздухот кој поминува низ ткаенината на пешкирот и влегува во просторијата е попријатен.

Пешкирот се потопува во ладна вода и се исцедува. Треба да остане влажен, но не до степен да течат капки од него бидејќи премногу натопена ткаенина ја отежнува циклулацијата на воздухот и дополнително ќе ја зголеми влажноста во просторијата.

 

 

Предходна„Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски – го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар“, вели СДСМ
СледнаВМРО-ДПМНЕ; Зошто Филипче не реагирал за водата во Гостивар кога бил министер“