
Долгорочната каматна стапка во Белгија се искачи на над 3,8 проценти, што претстаува нејзино највисоко ниво од 2012 година. Ваквиот раст во голема мерка се должи на војната на Блискиот Исток што резултираше со раст на цените на енергенсите, но и на глобалните буџетски проблеми.
Долгорочната каматна стапка е камата што владата ја плаќа за парите што ги позајмува за период од 10 години, најчесто преку емисија на државни обврзници. Зголемувањето на ова стапка, според експертите, првенствено е лоша вест за белгиската државна каса.
Белгија се соочува со хронични буџетски дефицити и висок национален долг, а и натаму позајмува пари за да ги отплати своите доспеани долгови. Поради зголемувањето на каматните стапки, ова задолжување ќе биде се поскапо и поскапо. Повисоките каматни стапки ќе влијаат и врз идните буџети, што пак ги отежнува новите расходи исе заканува со дополнителен раст на државниот долг.
Доколку продолжи растот на долгорочнита каматни стапки, тоа би можело да се пренесе и на хипотекарните кредити, односно заемите за купување стан или куќа.
Покрај во Белгија, изминатиов период зголемување на десетгодишната каматна стапка имаше и во други европски земји, вклучително и во трите водечки економии во ЕУ – Франција, Италија и Германијае. Француската стапка порасна на 4,1 процент, италијанската на 4, а германската на 3,25 отсто, што е највисоко ниво од 2011 година.
Експертите наведуваа дека постои опасност од висока инфлација на подолг рок, а како резултат на тоа се очекува централните банки да ги зголемат своите основни каматни сташки. Тоа, пак, ќе значи дека инвеститорите ќе бараат повисока премија за ризик.
Во вакви услови на глобален недостиг, државите се повеќе се свртуваат кон себе и ги зголемуваат цените на своите производи. Тоа резултира и со зголема конкуренција за државни обврзници, што го потврдува и примерот со пензиските фондови кои инвестираат помалку во државни обврзници, а повеќе во акции.




