
Германски суд го осуди 30-годишниот Украинец, Јевхен Безчасни, на една година и три месеци затвор поради шпионажа.
Според обвинителниот акт, Безчасни лани во март поставил Џи-Пи-Ес следачи во пакети за руската тајна служба.
Судијата пресуди дека Безчасни знаел дека следачите можат да се користат за шпионирање, како и дека „морал да биде свесен оти наредбата доаѓа од руската Влада“.
Обвинителството го товареше Украинецот и дека планирал испраќање пакет-бомби, но таквите обвинувања не беа докажани.
Безчасни веќе ја отслужил казната на која е уседен во периодот додека беше во притвор, така што е ослободен по завршувањето на судењето. Јавното обвинителство бараше затворска казна од две до четири години.
Инаку со процесот беа опфатени уште две лица, кои беа ослободени од обвиненијата.




